Штрајк на судската администрација

Од:

Судската администрација денеска го почна најавениот штрајк барајќи исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства.

Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејаноски денеска изјави дека штрајкот се одвива според планираното и оти излезноста е над 90 проценти.

Тој додаде дека веќе оствариле средба со министерот за правда и се очекува да се сретнат со претставници на Судскиот совет со цел да се изнајде решение за нивното барање.

Штрајкот, како што посочи Дејаноски, ќе трае се додека не се исполни барањето.

Во судовите се работат само итните предмети, а еден час вработените во судската администрација излегоа и пред судовите.

Одлуката за штрајк вчера беше соопштена на прес-конференција на која Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација појаснија дека ја донеле одлуката бидејќи Министерството за финансии нема постапено по препораката на Владата за обезбедување финансиски средства за зголемување на надоместоците и додатоците на вработените во судовите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски