Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Куманово денес од 18 часот ќе го одиграат првиот натпревар од финалето на плеј-офот од македонскиот кошаркарски шампионат.
Финалната серија ќе се игра до три победи, а првиот дуел е во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Големите ривали и минатата година одлучуваа за трофејот кој веќе четири години по ред е кај клубот од Аеродром.
За МЗТ Скопје ова ќе биде 11.финале, додека кумановци по трет пат ќе се обидат да стигнат до првиот наслов шампион на Македонија.
Во минатогодишното фиале на Плеј офот МЗТ Скопје Аеродром ја доби серијата со максимални 3-0.
Актуелниот шампион поради најдобриот скор во регуларната сезона и освоеното прво место на табелата во финалната серија ќе ја има предноста од домашниот терен во евентуалната мајсторка.
И двете екипи во првенствените средби оваа сезона извојуваа по две победи.