Корејската компанија ќе го претстави својот нов модел на Ултра ХД телевизор, со дијагонала на екранот од неверојатни 85 инчи (216 сантиметри). Тоа е за еден инч повеќе од конкурентскиот ЛГ.
Засега не е познато по која цена ќе се продава телевизорот на пазарот. Колку за информација, тој на ЛГ чини 20.000 долари.
Самсунг телевизорот го карактеризира како „најголем Ултра ХД ЛЕД телевизор кој е комерцијално достапен“.