(ВИДЕО) Зибери: Ако излезе на избори, Груевски ќе отвори меѓуетнички проблем со сериозни последици за земјава

Од:

Еднопартискиот политички систем Република Македонија го има напуштено уште 1989 година со измените на Уставот на СРМ од 1974 година, така да закажување на избори во кои учествува само една политичка партија со нејзини коалициони партнери практично не се повеќепартиски избори и не соодветствуваат на политичкиот систем на Република Македонија во моментов, рече Насер Зибери за А1он.

Тој смета дека Груевски од позиција на премиер по изборите на 5 јуни не би имал поповолна положба за преговарање, бидејќи тоа не би било Влада во вистинска смисла на зборот, туку Влада која произлегува од еднопартиски избори, со што тој не би бил вистински премиер.

– Таквите избори ќе отворат уште една многу сензитивна димензија, Македонија од 1945 година немала Собрание и Влада без учество на Албанците, било тоа да се регрутирани низ еднопартискиот систем кој беше до 1990 година, било тоа да е од 1990 година наваму, како плурален, повеќепартиски модел на избори. Ќе отвори проблем на меѓуетничка основа каде што последиците можат да бидат многу сериозни за земјава. Сакам да верувам дека ВМРО-ДПМНЕ не е заслепена до толку за зачувување на позицијата и за излегување од тешката ситуација во која се наоѓаат по нивна вина, смета Зибери.

Тој вели дека активностите треба да се водат и на улица, но и на преговарачка маса, бидејќи владејачката партија покажала дека не е партнер од доверба кој ќе стои зад потпишаното.

– Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува со инсистирањето за наводно одржување на избори да создаде поповолна ситуација во преговорите, за да може да изгради аргумент за наводна нејзина отстапка во предизборието да се отповика датумот за избори, да се повлече листата нивна, да се прекине кампањата предизборна и сето тоа да го искористи како аргумент во преговорите за да се зачува тоа што им е побитно во моментот, а тоа е останување на сила на одлуката за помилување на партиската врхушка на ВМРО-ДПМНЕ, значи и тие се свесни, длабоко сум убеден дека тие избори не би биле избори, тие избори не би биле признати од меѓународниот фактор, таквата Влада би била нелегитимна, непризнаена и нефункционална, но со инсистирањето да се одржат избори на 5 јуни, тие само градат поповолна преговарачка позиција, вели Зибери.

Според него, доколку има избори, тоа ќе биде само трошење на пари, но не и одржување на фер, демократски и повеќепартиски избори согласно Уставот на Македонија.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение