Турски авиони повторно навлегле во грчки воздушен простор

Од:

Четири турски авиони Ф-16, три авиони за поморска соработка и шест хеликоптери вчера влегле во грчкиот воздушен простор без да поднесат планови за лет, јави дописникот на МИА од Атина.

– Регистрирани се 18 повреди на правилата на летање во атинскиот водушен простор, кои се развија во 42 прекршувања на грчкиот воздушен простор во неколку делови на Егејското Море, јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на армиски извори.

Во сите случаи, турските авиони биле пресретнати од страна на грчки борбени авиони.

Турската воздушна активност е дел од воздухопловната вежба „Бејаз Фиртина“, која се одржува во меѓународните води на Егејското Море.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Грција: Се удави маж од Србија, телото пренесено во Солун на обдукција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕO) Невообичаено светло над Истанбул: Граѓаните вознемирени, се огласи вселенската агенција

Предраг Петровиќ

УЕФА го казни херојот на Турција

Горан Наумовски

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

Туристите и граѓаните на Грција добија предупредување за лошо време на северот од земјата