Куманово и МЗТ Скопје Аеродром втора година по ред ќе се борат за шампионскиот трофеј во македонската кошарка. Екипата на Куманово синоќа на гостински терен во арената „Борис Трајковски“ со 84:73 ја доби мајсторката против Карпош Соколи и со вкупни 3-2 во победи се пласираше во големото финале на плеј-офот.
За кумановци ова ќе биде трето учество во финалето.
Александар Костоски со 21 поен и осум асистенции беше предводникот на Куманово до вредниот триумф.
Во редовите на Карпош Соколи најефикасен беше Филип Шепа со 17 поени.
и Петровиќ и Соколов со 14 односно 12 поени.