Почнува кампањата за изборите на 5. јуни

Од:

Според Роковникот за извршување на изборни дејствија, денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 5 јуни. Изборната кампања ќе трае до 3 јуни во 24:00 часот.

Изборнатата кампања, како што стои во Роковникот, предвидува јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Државната изборна комисија, за учество на изборите на 5 јуни ја потврди само кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери. Кандидатски листи поднесе и Народното движење за Македонија (НДМ), но поради констатирани неправилности ДИК донесе одлука да ги отфрли. Исто така, ДИК ги отфрли и кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ), по барање на партијата.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада