Првиот потпретседател на хрватската влада и министер за економија, Радимир Чачиќ мора да оди во затвор, одлучи денеска унгарскиот суд во Капошвар.
На Чачиќ во второстепен процес му е изречена правосилна пресуда, со која е осуден на 22 месеци затвор.
Со ова е потврдена пресудата од јуни кога неправосилно е осуден на 22 месеци затвор, а условно на три години. Чачиќ ќе мора да помине 11 месеци во затвор, а другите 11 месеци условно.
Атила Вадоч, портпарол на судот во Капошвар, потврди дека Чачиќ е осуден на 22 месеци затвор поради сообраќајна несреќа во јануари 2010-та година, во која загинаа две лица.