Екипите на Карпош Соколи и на Куманово вечерва ќе го играат решавачкиот петти меч од полуфиналето во плеј-офот на македонското кошаркарско првенство.
На досегашните четири средби домашниот терен се покажа како голема предност па двете екипи ја искористија поддршката од своите навивачи и моменталниот резултат е 2-2 во серијата прв до три победи.
Натпреварот ќе почне во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Победникот од овој дуел во финалето ќе се сретне со бранителот на трофејот, тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Аеродромци во полуфиналната фаза со 3-0 во победи го елиминираа Фени Индустри.