Според министерот Тодоров немало прекин во работата во ЈЗУ

Од:

Искрено сум многу задоволен и благодарен за самосвеста која ја покажаа докторите во Македонија, особено оние кои работат во кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и не дозволија нивното незадоволство од проектот „плаќање по успешност“ да биде искористено за остварување политички амбиции на двајца или тројца, а можеби и четири – пет луѓе од врвот на Синдикатот. Денеска немаше прекин на работата во јавните здравствени установи, изјави денеска во Собранието, министерот за здравство Никола Тодоров.

Тоа за мене, посочи тој, е еден факт дека докторите си се посветени на работата, се посветени на пациентите и не дозволија денеска со каков било прекин на работата, да се доведе животот и здравјето на пациентите.

– Она што мене како министер ме прави среќен и задоволен е токму тоа. Не се стави во прашање во ниту еден момент животот и здравјето на пациентите. Системот функционира, истакна Тодоров.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека како министер тој може да разговара со кого било, да споделува мислења ставови, критики, пофалби итн.

– Меѓутоа кога станува збор за колективно преговарање, јас не можам, јас единствено смеам да преговарам со репрезентативниот Синдикат. Тоа е така утврдено во законите во Македонија и секое отстапување од ова ќе значи отстапување од правилата, од нормите кои се предвидени со законите во Македонија. Ова значи дека јас можам да разговарам и со тие од штрајкувачкиот одбор на комплексот клиники „Мајка Тереза“, но не смеам согласно законот да преговарам со нив, потенцира Тодоров.

Тој нагласи дека ќе продолжи да преговара со репрезентативниот Синдикат во здравството и ќе се обиде, како што рече, преку еден социјален дијалог, како што е тоа во сите цивилизирани и европски земји, како што е предвидено со македонските закони, да се дојде до определено решение кое ќе биде во интерес на сите здравствени работници во Македонија.

– Не е мое да одредувам со кој синдикат јас смеам да преговарам. Значи ниту еден министер не смее да одлучи со кој синдикат ќе преговара. Министерот има обврска да преговара со репрезентативниот Синдикат. Дали тој ги претставува или не ги претставува лекарите, помошниот медицински персонал или некои други во други сектори, тоа зависи од фактот дали има или нема репрезентативност, посочи Тодоров.

Ако некој, укажа министерот, смета дека има репрезентативност и дека е репрезентативен Синдикат, има законска процедура како се добива репрезентативноста и како потоа тој ќе се легитимира пред работодавците или пред Министерството како социјален партнер легитимиран согласно Законот со него да се водат преговори.

– Разговарав со четири пет синдикати во делот на здравството во Македонија, но само еден Синдикат е репрезентативен. Можам да разговарам со сите, но ако станува збор за колективно преговарање, тоа е процес кој веќе ни е почнат со гранковиот Синдикат. Колективното преговарање почнува со потпишување протокол за колективно преговарање кој нас ни е потпишан со гранковиот Синдикат и со него преговараме, додаде министерот Тодоров.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа