Државата сака да гради аеродром на вода на Охридското езеро

Од:

Како дел од мерките и активностите кои ги презема Владата на Република Македонија за подобрување на националниот сектор за воздухопловство, една од целите е да се олесни можноста за учество на приватниот сектор во финансирањето, развојот, оперирањето и одржувањето на нов аеродром на вода во Република Македонија. Предвидено е во рамките на целокупниот проект да биде вклучено финансирање, проектирање, изградба, оперирање и одржување на новиот аеродром на вода на Охридско Езеро.

Владата на Република Македонија, преку постапка за доделување на концесија или постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, ќе избере приватен партнер или концесионер од приватниот или јавниот сектор кој ќе биде одговорен за имплементација и реализирање на проектот преку јавно приватно партнерство или концесија.

Изјавата за интерес со краток опис на активностите на компанијата и копии од оперативните и финансиските извештаи од последните 3 деловни години, заинтересираните субјекти треба да ја достават 10 декември 2012 година.

Во објавеното меѓународно јавно барање е истакнато дека Охридско Езеро и Охрид се прогласени за светско наследство на UNECSO и претставуваат најпосетени туристички места во Република Македонија, а се потенцира и тоа дека со изградбата на аеродромот на вода ќе се овозможи подобра поврзаност на Охридското езеро и градот Охрид со останатите туристички дестинации на балканскиот полуостров. Барањето е објавено дневните домашните и меѓународни печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

Аеродромите на вода на вода претставуваат атрактивен и корисен начин за туристите да патуваат од едно туристичко место до друго и со овозможувањето на изградба на таков аеродром во Охрид се очекува дополнително зголемување на бројот на туристи.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство