„Шпилје“ и „Глобочица“ со полн капацитет

Од:

Зголемиот дотек на вода во акумулациите поради обилните дождови, услови двете хидролектрани „Шпилје“ и „Глобочица“  кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, да работат со полн капацитет.

Заклучно со 10 мај, двата значајни објекта кон македонскиот електроенергетски систем испорачале над 221 милион киловат часови електрична енергија.

– Во ХЕЦ „Шпилје“ се произведени над 131 милион киловат часови елекрична енергија, што е околу десет отсто повеќе од планот за овој период од годината, додека во ХЕЦ „Глобочица„ околу 90 милиони или три проценти повеќе од планираното, велат од ЕЛЕМ.

Просечниот дотек на вода во акумулациите е по над 60 метри кубни вода во секунда. Акумулациите се со исполнетост од 85 отсо или, во двете акумулации има резерва на вода за производство на околу 50 милиони киловат часови електрична енергија.

Поради поволната хидрологија и подготвеноста на електромашинската опрема да ја прими и преработи целата количина на вода, се очекува оваа година да биде меѓу рекордните по произвидство.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза