Куманово се избори за мајсторка со Карпош Соколи

Од:

Куманово се избори за мајсторка против Карпош Соколи во полуфиналето од плејофот на македонскиот кошаркарски шампионат.

Кошаркарите на Куманово ја искористија предноста на домачниот терен и го добија четвртиот меѓусебен дуел против Карпош Соколи со 73:57 со што го израмнија резултатот на 2-2 во победи.

Предводени од репрезентативното трио, Симоновски-Трајковски-Костовски, домаќинот уште од првата четвртина која ја доби со 25-19 најави дека ќе атакува на втората победа над „Соколите’’ во плејоф серијата.

Марко Симомовски најтпреварот го заврши со 23, Бојан Трајковски постигна 15, а Александар Костовски беше стрелец на 10 поени за победничката екипа.

По оваа победа патникот во финалето каде веќе се прасира шампионот МЗТ Скопје Аеродром ќе се решава во недела во Скопје во дуелот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски’’.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос