Започнува „Фајнал-форот’’ во кошаркарската Евролига

Од:
Во германската престолнина Берлин, денеска и в недела ќе се играат завршните натпревари од кошаркарската Евролига.
Па популарниот „Фајнал-фор’’ турнир Русија сигурно ќе има финалист. Имено, екипите на ЦСКА Моксва и Локомотив Кубан го сочинуваат првиот полуфинален пар. Руската пресметка за финалето ќе започне од 18 часот.
Во вечерниот термин од 21 часот ќе играат истанбулски Фенербахче и шпанската екипа Лаборал.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ кој ги брани боите на турскиот тим по трет пат ќе игра на завршницата, а со екипата предводена од српскиот тренер Жељко Обрадовиќ, кој е најтрофејниот во историјата на ова натпреварување, Антиќ се се обиде да стигне до третиот трофеј, откако со Олимпијаксо во два наврати ја освојуваше неофицијалната Лига на шампиони, односно Евролигата.
Натпреварите за 3. место и големото финале ќе се играат в недела, и тоа „малото-финале’’ е во терминот од 17 часот, а дуелот за шампионскиот трофеј ќе започне од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска