Американската крајбрежна стража соопшти дека околу 88.200 галони нафта (околу 334 тони) истекле од нафтоводот „Шел“ во Мексиканскиот Залив, на околу 150 километри од брегот на американската сојузна држава Луизијана.
Претставник на крајбрежната стража изјави дека ситуацијата е под контрола и оти ќе бидат испратени екипи за прочистување. За хаваријата беше соопштено вчера, а истрагата на случајот е во тек.
Излевањето се случило од нафтовод, кој поврзува четири извори на нафта со платформата на „Шел“ и формирана е дамка, која е долга повеќе километри.
Американските власти јавија дека нема податоци за настрадани.