Демократски сојуз: Итна седница на Парламентот

Од:

„Демократскиот сојуз ги повикува парламентарните партии кои не доставија листи за пратеници и не учествуваат во изборниот процес, да се приклучат на иницијативата за одржување на итна седница на Собранието на Република Македонија, на која ќе се донесе одлука за откажување на изборите и отпочне постапка за одговорност на Ѓорге Иванов поради злоупотреба на функцијата.

ДС очекува на постојната иницијатива да се приклучат и независните пратеници, како и пратениците на ДУИ, ДПА и Унитети.

Со потписот на 63 пратеници, претседателот Трајко Вељаноски, мора да свика седница со веќе предложениот дневен ред.
Наместо да чекаме решенија од странство, ве повикуваме на единство и проактивна акција“, соопштуваат од ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски