Пуштени во продажба билетите за Синедејс

Од:

Од вчера,  13-ти ноември во продажба се пуштени билетите за престојното издание на фестивалот CINEDAYS. Билетот за секој филм чини 100 денари.

Билети за филмовите кои се на програмата во Кино Милениум, се продаваат на билетарницата на Кино Милениум. За филмовите кои се на репертоар во Кино Фросина, билетите ќе се продаваат на билетарницата на Кино Фросина. Филмовите кои се на програмата во Кинотека на Македонија, билети се купуваат на билетарницата на Кинотеката.

Пуштени се во продажба билети за сите филмови кои се на програмата на CINEDAYS, вклучувајќи и 250 билети за „Shanghay Gipsy”, филмот, со кој и официјално започнува 11. издание на CINEDAYS. Напоменуваме дека за филмовите од Музичката селекција, влезот е бесплатен, само за филмот „Замолкни и свири хитови“ (23.11), се наплаќа билет, исто 100 денари.

Во продажба нема да бидат пуштени блок влезници поради неможноста да се формира реална цена, со оглед на тоа дека на програмата на годинешниот CINEDAYS се наоѓаат повеќе од 100 филмови.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Култниот филм со Ричард Гир ќе добие римејк, а познато е кој ќе го замени познатиот актер

Предраг Петровиќ

Обвиненијата за канибализам и силување ја уништија кариерата на познатиот актер

Предраг Петровиќ

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ