Археологот Андреј Мазуркевич од Државниот музеј Ермитаж денеска одржа предавање во Музејот на Град Скопје. Предавањето е во рамки на меѓународниот научен собир за археологија на мочуришта или водоземна археологија, во организација на Центарот за истражување на предисторијата.
Мазуркевич се осврна на богатата историја на археолошки истражувања на музејот, огромниот фонд културно наследство, богатите скитски гробници, културата од Месопотамија – Урарту. Тој зборуваше и за истражувањата на староруската и архитектурата на Санкт Петерсбург, погребувањата од северен Кавказ и железнодопските населби.
Предавањето го отвори директорот на Музејот на град Скопје Љубен Тевдовски, кој ја истакна важноста на заедничките меѓународни проекти и анализи за иднината на археологијата во Македонија и светот.
Според него, ова предавање е поттик за понатамошна соработка на археолошките тимови и музеите воопшто.
Тевдовски на археологот Мазурчевич му подари неколку изданија, кои говорат за значајните археолошки локалитети во скопскиот регион и археолошките истражување кои биле спроведени од страна на музејот.
На предавањето присуствуваа археолози од Македонија и од неколку европски земји.