Кривична пријава за чедоморство за 23-годишна скопјанка

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против 23-годишната Т.И. од Скопје поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство на дете при пораѓање“.

Таа во 7 или 8 месец од бременоста тргнала на апсолвентска ексурзија, но на граничниот премин Табановце додека чекала за пасошка контрола почувствувала силни болки по што се породила во тоалетот и го фрлила новороденчето во корпата за отпадоци. Потоа се вратила во автобусот и го продолжила патувањето.

Откако од песоналот на граничнит премин било пронајдено телото на бебето, настанот бил пријавен во СВР Куманово и по интензивна истрага контактирано е со организаторите на ексурзијата, а девојката е однесена на Гинеколошката клиника во Прага каде и е укажана лекарска помош. По завршувањето на ексурзијата на 18 април на граничниот премин таа е приведена и е однесена на дополнителни медицински вештачења.

При истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено, би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.

За бременоста не постоеле податоци дека претходно таа била лекарски контролирана.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он