Младите кошаркари на Вардар ја освоија шампионската титула

Од:

Екипата на Вардар е освојувач на шампионската титула во кошаркарското првенството на Македонија за играчи до 20 години.

Младите кошаркари на Вардар по трет пат во финалната серија го совладаа големиот ривал Карпош Соколи со 66:62 и со максимални 3-0 во победи стигнаа до шампионската титула.

„Црвено-црните“ без ниту еден пораз во плеј-офот, во полуфиналето против МЗТ Скопје и во финалето со Карпош Соколи заслужено го освоија трофејот.

Вардар доминираше и во регуларниот дел од шампионатот и во 18 одиграни кола загуби само две средби.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос