Меѓународен собир за водоземна археологија

Од:

Археолози од Швајцарија, Русија, Украина, Франција, Германија, Холандија, Грција, Литванија, Словенија и Македонија ќе учествуваат на Меѓународниот научен собир за археологија на мочуришта или водоземна археологија што од денеска до 17 мај ќе се одржува во Скопје и во Охрид, во организација на Центарот за истражување на предисторијата.  

– Ова е прв настан и единствен од ваков тип во Македонија. Главна цел на научниот собир е да презентира методи на истражување во архелогија на мочуришта или водоземна археологија, изјави Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата. 

Според него, една од целите е да се презентира она што го имаме како културно наследство и да видиме што имаат другите во т.н. водоземна археологија која има многу нови придобивки, а не ни се познати.

Собирот ќе се одржува во неколку институции, Музејот на Македонија, Музејот на Град Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија, во Завод и музеј-Битола и во Охрид, каде ќе има многу предавања и презентации.

Научниот собир е во рамки на проектот NEENAWA (Network in Eastern European Neolithic and Wetland Archelogy), поддржан од Швајцарскиот национален фонд за наука. 

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза