МЗШВ: Цветков формираше посебна комисија за програмата „Јапонска помош“

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска информира дека за програмата „Јапонската помош“ министерот Михаил Цветков веднаш по стапувањето на должност формирал посебна комисија.

– Бидејќи се работи за обемен материјал, имајќи предвид дека средствата од јапонската помош се реализирани преку неколку јавни повици и тоа почнувајќи од 1997, 1998, 1999, 2000, 2001 и од 2008 година, потребен е подолг период за прибирање на валидна документација, се вели во соопштението од МЗШВ. 

Во периодот од 2002 до 2004 година, во времето на министерот на СДСМ Славко Петров,  се наведува во соопштението, направени се големи злоупотреби со потпишување невалидни договори на кои стои само име и презиме. – Поради тоа комисијата се соочува со потешкотии да ги идентификува вистинските корисници на оваа помош. По завршувањето на работата на комисијата, ќе се има целосен увид во документацијата, информира МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза