• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Манипулации тврдењата на СДСМ за „Диво насеље“

by А1он09/05/2016 - 15:05161
Share0

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение на опозициската СДСМ за минатогодишните настани во кумановско „Диво Насеље“ оценува дека СДСМ продолжува со срамни манипулации и оти од таа партија ниту лани, ниту годинава не собрале храброст да изразат достојна почит кон македонските бранители.

Добивај вести на вибер

– Срамните манипулации на СДСМ дека „ќе се дознаела вистината“ продолжуваат и понатаму, исто како што СДСМ во напад на безумна некрофилија редовно злоупотребува трагични настани и човечки судбини во политичка конотација. Срамот СДСМ ќе го носи засекогаш, а казната доаѓала и ќе доаѓа од граѓаните кои се срамат од ваквото однесување на СДСМ , истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Заев и Спасовски, се вели во реакцијата, неколку часа откако во Диво Насеље гинеа македонските бранители, додека цела Македонија беше во црно, побрзаа да се смешкаат и да позираат како недоветни, сликајќи се на местото каде своите животи ги положија хероите.

– Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов акцијата на безбедносните сили во која гинеа македонските бранители подбивно ја нарекуваше „играње камај“, а новинарските перјаници на СДСМ подгреваа етничка омраза со лаги и манупулации за измислени цивилни жртви. Ова е СДСМ и граѓаните тоа јасно го видоа по којзнае кој пат. Дури и една година подоцна реториката на СДСМ не е променета, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, партиски активисти на СДСМ секојдневно ги омаловажуваат безбедносните сили, а Оливер Спасовски не присуствувал на постхумното одликување на загинатите бранители.

dpmne

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен