Кривична пријава против кичевец за „загрозување на животната средина“

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на на животната средина и природата со отпад“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против С.М.(29) од Кичево.

Пријавениот, како што информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски, подолго време вршел трговија со отпад без да поседува дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. На 12 април оваа година, полициски службеници во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола во отпад за стари возила сопственост на С.М. лоциран во близина на раскрсницата од улицата „Маршал Тито“ со регионалниот пат Кичево-Македонски Брод.

Притоа, било утврдено дека на земјишниот простор сопственост на друго физичко лице од Кичево, пријавениот неовластено складирал поголем број неисправни и хаварисани патнички и други моторни возила од различна марка, како и стари делови за возила наменети за трговија.

Полициските и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат од Кичево, утврдиле дека пријавениот С.М. неовластено вршел трговија со отпад односно немал дозвола за ваква дејност издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски