Арифи се сретна со емирот од Катар

Од:

Во рамки на посетата на Катар, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Теута Арифи оствари средба со емирот на Катар шеикот Хамид бин Калифа Ал-Тани.

За време на средбата, како што соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања, се разговарало за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји особено во сфери како што се образованието, културата и економијата при што била подвлечена поддршката на Катар за повеќе проекти во Македонија во овие области.

Вицепремиерката Арифи се осврнала и на реформите кои се спроведуваат во Македонија во насока на подобрување на животниот стандард за сите граѓани.

Во рамки на посетата на Катар, Арифи ќе се обрати и на реномираниот Светски самит за иновации во образованието кој се одржува од денеска до 15 овој месец во Доха, а се организира со цел да се поттикне дебата за унапредување на образовниот процес преку иновациите.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија