Во Куманово и Кавадарци вечерва ќе се играат вторите средби од полуфиналето на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Од 19 часот е закажан почетокот на натпреварот меѓу Куманово и Карпош Соколи, во кој гостите од Скопје ќе влезат со предност од 1-0 во победи по троумфот остварен пред три дена.
Овој дуел ќе привлече дополнително внимание имајќи ги впредвид немилите настапи кои се случуваа по завршувањето на првата средба.
Половина час подоцна (19:30) ќе старува дуелот во салата „Јасмин’’ во Кавадарци, каде екипата на Фени Индустри ќе има тешка задача да го израмни резултатот на 1-1 во победи против актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, кој на првата средба оствару убелив триумф изразен со 31 поени разлика.
Полуфиналето се игра во три добиени натпревари.