Во светот има се помалку откритија на нови наоѓалишта на злато

Од:

Во светот има се помалку откритија на нови наоѓалишта на злато и покрај тоа што трошоците за истражувањата во секторот минатата година достигнаа рекордни осум милијарди долари, изјави Џејми Сокалски, извршен директор на корпорацијата „Барик голд“, најголем светски произведувач на овој племенит метал.

Минатата година се откриени само три нови наоѓалиште на злато, во споредба со 11 во 1991 година, а ниту едно од нив не може да се окарактеризира како „суперџиновско“, односно не содржи повеќе од 20 милиони унци (1 унца=28,35 грама), истакна Сокалски на една конференција во Хонгконг. Тој укажа дека трошоците за експлоатацијата се во пораст и додаде дека нема знаци за запирање на јакнењето на пазарот на злато.

Цената на овој племенит метал е на пат да забележи 12 години постојат раст, потикнат од зголемените купувања од страна на инвеститорите и централните банки, со оглед на тоа дека владите на земјите, ширум светот ги зајакнуваат стимулансите заради заживување на своите економии.

Светското производство во рудниците за злато би можело следната година да се зголеми за 0,7 отсто, што би бил најнизок раст од 2008 година, покажува истражувањето на банката „Барклиз“, која прогнозира дека вкупните физички испораки на злато следната година би можеле да опаднат за 0,4 отсто и оти натамошното поскапување на овој племенит метал нема значително да го зголеми производството.

– Не очекувам скок на производството на злато дури и доколку цената достигне три илјади долари за унца, рече Сокалски.

Златото, кое на 6 септември 2011 година достигна рекордна цена од 1.921,15 долари за унца, денеска во Хонгконг е договарано за цена од 1.724 долари за унца, откако на почетокот на годината зајакна за десет отсто, што е најголем годишен раст од 1920 година.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ