Во Прага денеска минува поворка во знак на поддршка на Законот за легализација на канабисот, не само за медицински цели, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Традиционалниот настан, на кој минатата година учествуваа околу 5.000 луѓе ќе се одржи по деветнаесетти пат. Организаторите на настанот, Здружението „Легализација” бара од политичарите да го легализираат одгледувањето и садењето на канабис и производи од него за сопствена употреба, не само за третман, туку и за рекреација.
Медицинскиот канабис во Чешка е достапна само на електронски рецепт за луѓе болни од канцер, мултиплекс склероза или СИДА.