Планинарски марш на Водно за Европскиот ден на знамето

Од:

По повод Европскиот ден на знамето 2016 денеска ќе се одржи планинарски марш на Водно, во организација на Европското движење во Република Македонија.

Маршот почнува пред седиштето на делегацијата на Европската унија во Скопје, со традиционална размена на знамињата на Македонија и на ЕУ. Учесниците на маршот потоа ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.

Најавено е учество на планинари, активисти на Европското движење, ученици со родители, студенти, како и други граѓани. Активноста е дел од програмата за одбележување на Денот на Европа.

Освен церемонијалниот карактер, манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија