Британскиот амбасадор во Приштина Руаири О`Конел изјави дека звучи како закана обединувањето на Косово и Албанија, за што изрази желба лидерот на опозициското движење „Самоопределување“ Албин Курти, јави РТК.
– да бидам искрен, кога ќе слушнам дека стабилност на Балканот може да има само ако Косово и Албанија се обединат, ми звучи како закана, изјави О`Конел, одговарајќи на прашање на Фејсбук.
Тој додаде дека меѓународната заедница ја призна независноста на Косово врз основа на планот на Марти Ахтисари, кој исклучува приклучување кон Албанија.