Четири ракети денеска изутрина завршија во близина на базата во која се сместени македонските војници кои учествуваат во силите на ИСАФ во Кабул, Авганистан.
За среќа повредени нема. Министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески вчера од касарната во Тетово телефонски контактираа со војниците за да се информираат за случувањата во базата.
„Имав директен контакт со командантот на нашите сили. Информацијата е дека имало вооружен напад, но дека нема никакви последици по припадниците на АРМ. Нашите припадници се подготвени да продолжат да ги извршуваат своите задачи за кои се наоѓаат во Авганистан“, информираше министерот Бесими во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово.