Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

Од:

Уставниот суд го укина Параграф 4 алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата на Република Македонија, заведено под бр. 02-295/1 од 16.07.2012 година донесено од началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

По спроведената постапка и анализа, Судот утврди дека оспореното Правило не е во согласност со темелните вредности на уставниот поредок утврдени во член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 11 од Уставот, односно на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, владеењето на правото, како и на членовите 3,8 и 20 од Законот за правна положба на црквата, верска заедница и религиозна група.

Судот смета дека со донесувањето на оваа одредба началникот на Генералштабот на АРМ ги пречекорил своите законски овластувања и се ставил во улога на Законодавец, бидејќи таква содржина не може да биде уредена со подзаконски акт.

Уредувањето на условите под кои може да се оствари правото на слободно вршење на верски обреди во рамки на вооружените сили претставува исклучиво „materia legis”, oдносно законска материја и во никој случај не може да се регулира со Правило.

Подносител на иницијативaта: Исамудин Османлиу законски застапник на Здружение за развој „Млади за јавен интерес” Дебар со седиште во Долно Косоврасти.

Судот поради интерес на јавноста објави соопштение за отфрлање на барањето за слободи и права на подносителот Глигорие Ќатоски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови