Непродолжувањето на акредитацијата во Чешка е моја ,,животна трагедија”, тврди руски новинар

Од:

Дописникот на руската државна агенција РИА Новости, Александар Куранов побара помош од чешкиот премиер Бохуслав Соботка поради непродолжување на неговата акредитација, јави дописникот на МИА од Прага. 

Во отворено писмо до Соботка, тој пишува дека одлуката на чешките власти да не ја обноват неговата акредитација за него е „животна трагедија”.

– Јас не сум шпион, ниту дезинформатор, пишува на чешки јазик Куранов, реагирајќи на шпекулациите кои се појавија по информацијата за необновување на акредитацијата од Министерството за надворешни работи.

– Изгледа дека руските тајни служби за шпионска работа во Чешка, не најдоа некој помлад од 70-годишен човек, кој 29 години пред никого ништо не криел, пишува саркастично Куранов.
Акредитацијата не му била продолжена најпрво минатата есен, а по вторпат и деновиве.
– Не можам да одам во детали, бидејќи тие информации подлежат на Законот за класифицирани информации, изјави пред неколку дена портпаролката на Министерството за надворешни работи на Чешка (МНРЧ).

Премиерот Соботка рече дека нема да се занимава со случајот.

Истото му се случи и на Владимир Сњегирјов, дописник на „Вечернаја Москва”.

Губењето на акредитацијата за двајцата руски новинари не значи и автоматско протерување од земјата. Својата работа можат и понатаму да ја работта само нема да можат да присуствуваат на настаните организирани од МНРЧ.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница