Макрадули: Да прославиме уште многу јубилеи во слободно Скопје

Од:

„Ја користам оваа прилика на сите граѓани на Скопје да им го честитам големиот ден, Денот на ослободувањето на градот Скопје. Да им посакам уште многу јубилеи во слободно Скопје.

Ја користам приликата и да упатам еден апел кој што практично го спомена и претседателот на Градската организација на Сојузот на борците, а тоа е дека делото на ослободителите на Скопје е безвремено и мораме сите да се грижиме за зачувување на нивното достоинство“, рече Јани Макрадули.

Сакам да му упатам апел и на градоначалникот Коце Трајановски, согласно неговите надлежности, да ги преземе сите мерки и да најде соодветно место и просторија за борците кои што за жал со одлука на суд, а можеби и политичка одлука на власта се исфрлени од нивните простории.

Јас како кандидат за градоначалник на градот Скопје ја превземам обврската, доколку актуелниот градоначалник тоа не им го овозможи, во првите триесет дена од мандатот да им најдам достоинствен простор на борците кои што придонесоа денеска да бидеме слободни и да живееме во слобода, почитувајќи ги нивните дела и она што го направија за нас, не само во Скопје, туку и во цела Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра