Холандскиот министер за надворешни работи до четирите партии: Нема услови за кредибилни избори

Од:

Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Коендерс во својство на Претседавач со Европската унија испрати писмо до четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино.

Коендерс во писмото изразува загриженост заради состојбите во Македонија и бара веднаш да се изнајде решение за излез од кризата.

Тој вели дека не се исполнети минимум критериумите за фер и кредибилни избори, а тоа се прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвојување на државата од партијата и крај на вознемирувањето на гласачите
Во писмото, Коендерс наведува дека Ѓорге Иванов треба веднаш да ја повлече одлуката за аболиција.

„Да се дозволи на Специјалното јавно обвинителство да работи без пречки е од суштинско значење за решавање на политичката криза и за враќање на довербата од граѓаните“, наведува Коендерс во писмото.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада