Честитка од Спасовски за Денот на македонската полиција – 7 мај

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка до припадниците на МВР по повод Денот на македонската полиција – 7 Мај.

Спасовски им честита на припадниците на полицијата за професионализмот во извршување на одговорните задачи и лојалноста кон Република Македонија. Се заблагодарува за посветеноста и пожртвуваноста што ја манифестираат во секојдневното ангажирање со човечност и хуманост во справување со кризните состојби.

– Вашата заложба и професионалност која ја покажувате е пример како полицијата треба да биде гарант за безбедноста на сите граѓани на Република Македонија. Од вас се очекува да бидете на висина на задачата, истрајни и професионални и да постапувате согласно Уставот и законите. Свесни дека во овој момент да бидеш припадник на македонската полиција е тешка и макотрпна задача, вие останавте на браникот на татковината и покажавте како се чува и сака Република Македонија, наведува Спасовски.

Тој потенцира дека верува во капацитетот на припадниците на МВР дека и во иднина ќе истрајат во справувањето со безбедносните предизвици борејќи се за добробитта и напредокот на македонското општество и граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он