Германија ќе ја легализира марихуаната во медицински цели

Од:

 Од наредната година канабисот ќе биде легализиран ако се користи за медицински цели, најавува германското Министерство за здравство.

– Наша цел е сериозно болните пациенти да се третираат на најдобар можен начин, изјави министерот Херман Грехе кој што денеска го претстави предлог законот пред германската Влада.
 
Грехе признава дека канабисот не е „неофанзивна“ супстанца и потенцира дека пациентите до него ќе можат да дојдат само со рецепт препишан од лекар. Според предлог законот Германија ќе увезува медицинска марихуана се додека не бидат отворени надгледувани плантажи на билката во земјата.

– Не би сакал да вршам притисок на работата на Бундестагот но најверојатно законот ќе влезе во сила на есен во 2017 година, изјави Грехе за весникот „Ди Велт“. 

Предходно голем број други земји ги променија законите со цел да се овозможи користење на марихуаната во третирање на рак, глауком, СИДА, хепатит Ц, Паркинсон и други сериозни заболувања.

Противниците на користењето на марихуаната за медицински цели сметаат дека со овој чекор се создаваат услови за злоупотреба и зголемување на зависноста од други потешки дроги. Во моментов трговија со марихуана се смета за кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години затвор.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Тројца политичари на АфД нападнати во Германија

Горан Наумовски

Смртта на полицаецот во Германија, кој беше убиен од Авганистанец, го подели општеството

Горан Наумовски

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

ВИДЕО: Германските градови уште се под вода, пет луѓе загинаа во полавите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Германија во состојба на катастрофа: Не изјегувајте од дома, опасно е по живот