Изложба на дизајнерски производи на Креативното дизајн студио „Преплет“

Од:

Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вечер ќе биде отворена изложба на дизајнерски производи од Креативното дизајн студио „Преплет“.

– Новата колекција содржи ексклузивни комплети составени од неколку производи меѓусебно поврзани на иста тема – комплети: комплет за љубители на патувања, комплет за љубители на книги, за љубители на кафе, на готвење итн. Со новата колекција секој поединец може да си ја пронајде својата страст кон одредена работа и преку користење на комплетот да му се олесни секојдневието, соопшти организаторот.

На отворањето на изложбата во „Јавна соба“ во 21 часот ќе има едночасовен перформанс помогнат од режисерката Билјана Радиноска, со учество на актерите Наташа Петровиќ, Јана Пауновска, Матеа Јанковска и Дарко Набаков. Посетителите со препознавање на својот карактер во еден од актерите ќе заклучат кој комплет е најсоодветен за нив.

По промоцијата, новата колекција на „Преплет“ ќе биде на продажба во  продавницата во „Јавна соба“.

„Преплет“ е концептуално креативно студио основано во 2013 година од дизајнерите Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска. Студиото креира производи кои содржат одредена порака испишана на македонски јазик и кирилица.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска