Во кошаркарското првенство на Македонија денеска ќе се играат нови дуели од плејофот.
На програмата се третите натпревари од четвртфиналето, во кои Куманово е домаќин на Работнички, а Фени Индустри го пречекува Кожув.
Домашните екипи имаат предност од 2-1 во победи, па доколку Куманово и Фени Индустри и денеска триумфираат тие ќе се пласираат во полуфиналето.
Натпреварот во Кавадарци ќе започне од 18:00 часот, додека дуелот во Куманово еден час подоцна (19:00).
Евентуалните мајсторки би се играле на 6 мај (петок), во скопје и Гевгелија.