За смена на Мадуро со помош на референдум собрани 1,85 милиони потписи

Од:

Венецуелската опозиција им поднесе вчера на властите надлежни за изборите 1,85 милиони потписи, барајќи референдум за смена на претседателот Николас Мадуро, кого го обвинуваат за длабока економска криза во земјата.

Извршниот секретар на опозициската МУД, Језус Тореалба објави на Твитер дека организаторите на Националниот одбор за избори му предале повеќе од 80 кутии со петиции за одржување референдум.

Тоа е првиот чекор во процесот за барање гласање за смена на социјалистичкиот претседател.

Мадуро вчера ги повика приврзаниците да почнат генерален штрајк и „бунт“, доколку опозицијата успее во намерата преку референдум да го отстрани од функцијата шеф на државата.

Мадуро вети дека ќе се бори за својата функција како претседател на Венецуела, каде неодамне беа воведени рестрикции за електрична енергија.

– Доколку олигарсите еден ден сторат нешто против мене и успеат да се вселат во претседателската палата, ви наредувам да прогласите бунт и траен генерален штрајк, им порача Мадуро на приврзаниците, собрани пред претседателската палата.

Тој додаде дека референдумот е опција, а не обврска. – Единствена обврска се претседателските избори, а тие се закажани за 2018 година, нагласи Мадуро.

Најновите анкети покажуваат дека повеќе од две третини од граѓаните на Венецуела сакаат Мадуро, кој на претседателските избори во 2013 година освои мелку повеќе од неопходните гласови за победа, да си замине од функцијата.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски