Пренасочување на сообраќајот за товарни возила на регионалниот пат кај Војшанци

Од:

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот сообраќајот ќе се пренасочува преку мост на река Вардар, врска А1 со Р-2137 (Д.Капија – Корешница – Војшанци), соопшти АМСМ.

Како што стои во соопштението, пренасочувани ќе бидат возилата со вкупна маса над 5 тона. 
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза