Во чест на православниот празник Велигден, синоќа во Гостивар во големата сала на Центарот за култура АСНОМ се одржаа два концерти на традиционални народни игри и ора. На првиот членовите на Градското културно уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“ изведе сплет од ора и песни, а на вториот, посветен на Костадинка Палазова, се изведоа повеќе песни од оваа македонска музичка легенда.
– Годинава, покрај традиционалиот Велигденски концерт на кој настапува „Браќа Ѓиноски“, решивме да ја одбележиме кариерата на нашата сограѓанка Костадинка Палазова и да дадеме значај на нејзиниот придонес во културата. Таа е уметник што не познат само во нашиот град, туку и пошироко, токму со негување на традиционалните вредности, изјави Љуан Зенку, директор на НУ Центар за култура АСНОМ – Гостивар.
Покрај помладите изведувачи на сцената, со две песни настапи и Палазова, која рече дека е почестена и порача младите да ја негуваат и чуваат македонската традиционална песна.
На концертот, Центарот за култура на Костадинка Палазова и додели плакета за афирмација и негување на традиционалната македонска песна.