Нови цени за користење услуги во НУБ „Св. Климент Охридски“

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје на седница на Управниот одбор донесе одлука за измени и дополнувања на Ценовникот за користење услуги за издавачите и за читателите во Библиотеката. 

Од првиот работен ден во мај, годишниот индивидуален кориснички надомест за општите читалници ќе изнесува 600 денари, наместо досегашните 360 денари.

За продолжување на стекнатиот статус корисник, наместо 300 денари како досега, за користење на општите читалници за период од една година надоместот ќе изнесува 500 денари.

Цените на индивидуалниот надомест за месечно и неделно користење на општите читалници остануваат непроменети.

Се менува и цената за каталогизација на публикација (CIP-запис), која од првиот работен ден на мај наместо 300 ќе изнесува 600 денари. 

– Се воведува надомест за CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во сериски публикации: до десет статии 400 денари, над десет статии 600 денари, соопшти НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза