ИФИМЕС: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја украдоа државата и демократијата

Од:

ИФИМЕС (Меѓународен инситут за блискоисточни и балкански студии) во својата анализа со наслов „Македонија – украдена држава и демократија“ пишува дека се навршуваат 10 години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и дека ВМРО-ДПМНЕ во десетгодишното владеење учествуваше во сите изборни фалсификати.

„Се уrште не се создадени услови за одржување на фер и транспарентни избори на 5.јуни. На избирачкиот список има повеќе од 330.000 нелегално запишани гласачи.Оправдано се поставува прашање кој е подготвен да преземе одговорност за организација на избори во такви услови, бидејќи такви избори би биле фалсификувани и криминални.Процесот на дегруевизација на Македонија ќе започне со апсењето на Никола Груевски. Според некои проценки, направениот криминал е неспоредливо поголем по интензитет и содржина со криминалите на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, стои во статијата на ИФИМЕС.

„Поради тоа, дегруевизацијата на Македонија ќе биде голем предизвик и за меѓународната заедница, бидејќи криминалот во една држава не е изолирана категорија туку составен елемент од меѓународниот криминал. Лидерите на светските разузнавачки служби имаат богати досиеја за двоецот Груевски – Мијалков, нивните најблиски соработници и сите оние кои добиле корист благодарение на постоечкиот режим“, посочува ИФИМЕС.

Македонската криза, според ИФИМЕС, нема да може да се реши без дополнителен ангажман на САД и без силна поддршка на Специјалното јавно обвинителство, на Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристеска и останатите обвинители.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар