Уапсен осомничен за седум кражби во тетовско и гостиварско

Од:

Дваесет и четири годишниот Е.А од Тетово е осомничен како сторител на седум тешки кражби што биле извршени од 25 март до 10 овој месец во куќи на тетовското и поширокото гостиварско подрачје, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски,  Е.А и претходно повеќепати  бил пријавуван за вакви кривични дела. Против него, како што рече, наскоро ќе биде изготвен соодветен поднесок за овие седум тешки кражби.

– Осомничениот Е.А. кој  инаку „оперирал“ сам  од куќите во кои претходно насилно влегувал  со провалување на влезните врати или прозорците, најчесто одземал пари, технички производи, апарати за домаќинство и друго. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици додека останатите дополнително ќе им се вратат откако ќе се заокружат сите поединости поврзани со кражбите, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он