Српскиот инженер, кој беше киднапиран од неидентификувани киднапери во Либија, е ослободен, соопшти денеска српското Министерство за надворешни работи.
Миролав Томиќ (36) е киднапиран во саботата на 23 април во Либија.
Томиќ, кој работи на нафтени полиња оддалечени 1.200 километри од Триполи бил киднапиран при контролата на нафтеното наоѓалиште „Месина Оилфилд“, кое е во сопственост на компанијата „Арабијен Голд Олив Копани“.
– Имаме потврдена информација дека тој бил ослободен од заробеништво. Информирани сме дека тој ќе се јави на работното место утре, изјави портпаролот на српското Министерство за надворешни работи.