ССНМ остро го осудува текстот на Мирка Велиновска

Од:

Синдикатот на новинари и медиумски работници најостро го осудува текстот на Мирка Велиновска во кој, како што велат од Синдикатот се врши медиумски линч врз припадници на левичарското движење Солидарност и членови на партијата Левица.

„Се врши медиумски линч врз припадници на левичарското движење Солидарност и членови на партијата Левица – наши соборци во Повелбата за солидарност за заштита на работничките права.

Како Синдикат на новинари, ССНМ е дополнително провоциран да реагира на содржината, која претставува повеќе безбедносно-разузнавачки текст, напишан во духот на „најдобрата“ традиција на хушкашкото творештво, кое за жал и кај нас се подведува под терминот новинарство, иако тоа воопшто не е.

Наша должност е да укажеме оти не станува збор за производ на професијата на која ѝ припаѓаме и изразуваме длабока и непоколеблива солидарност со жртвите на овој текст, од кој како професионалци решително се оградуваме и го осудуваме.“ се наведува во соопштението од Синдикатот.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

A1on

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања