Локомотив – Барселона за место на Фајнал-форот во Евролигата

Од:

Во најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување Евролигата, остана само уште едно слободно место за завршниот Фајна-фор турнир.

За него ќе се борат екипитре на Локомотив Кубан и Барселона.

Овие два тима вечерва во Кубан ќе ја одиграат мајсторката, односно решавачкиот петти натпревар од четвтртфиналната рунда.

Во изминатите четири средби домашниот терен не гарантираше предност за екипата која играше пред својата публика, па така двата тима остварија по една победа на теренот на противникот.
Исходот од овој меч го очекуваат и кошаркарите на ЦСКА Москва кои веќе обезбедија пласман во полуфиналето. Во вториот полуфинален меч ќе играат Фенербахче – Лаборал.

Завршниот Фајнал-фор турнир годинава ќе се игра во Берлин на 13 и 15 мај.

Решавачкиот меч меѓу Локомотив и Барселона вечерва ќе започне до 19 часот.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска