Македонската репрезентација за кошарекари до 15 години го освои високото трето место и бронзениот медал на силниот Меѓународен турнир во Милано, Италија.
На турнирот во организација на екипата Виктор РХО, покрај Македонија, која беше единствената репрезентација, настапија и екипите на: Армани Милано, Варезе, Аурора Дисеко, Баерн Минхен, Химки и Кварнер.
Македонските надежи во гупната фаза загубија од Варезе (89-72), а ги победија домаќинот Виктор РХО (124-17) и минхенски Баерн (62-61).
Во мечот за третото место, црвено-жолтите во неизвесен дуел го совладаа рускиот тим Химки од Москва сминимално со 68-67.
Македонскиот капитен Лука Наумовски го понесе признанието „МВП“ односнонајкорисен играч на турннирот, на кој во финалето Армани Милано го победи Варезе.