Стопанска комора: Старите телевизори да се носат во собирни центри, а не кај „старо купувам“

Од:

Граѓаните да не го продаваат електронскиот отпад на „старо купувам“ за 100 денари, туку бесплатно да го доставуваат во собирните центри на нивната општина или да го враќаат во продавниците при купувањето нов производ, апелира Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија.
За подобро функционирање на оваа, релативно нова сфера кај нас, Асоцијацијата, како што беше речено денеска на прес-конференција во Комората, бара стимулации за рециклирање на електронскиот и електричниот отпад, засилени инспекциски контроли за спречување на нелојалната конкуренција, како и законски измени за допрецизирање на одредбите, односно за поуспешно спроведување на регулативата во пракса.
– Најголема одговорност во однос на електричниот и електронскиот отпад имаат производителите, но не помала е обврската и на трговвците, како и на потрошувачите. Засега, договори за предавање на отпадот со колективните собирачи имаат склучено преку половина од регистрираните производители во земјава, од кои повеќето големи фирми. Кај помалите се уште има отпор, најмногу поради цената што треба да се плати, истакна Фана Христовска од Асоцијацијата.
Христовска смета дека граѓаните, освен што обично го даваат електронскиот отпад на „старо купувам“, многу почесто се одлучуваат и за негово  складирање по подрумите, иако не го користат. Според неа, колективното собирање е наједноставно, најеколошко и најевтино, а четири субјекти кои имаат дозвола за оваа дејност почнаа со работа од 2015 година.
– Точни бројки за количините на собраниот електричен и електронски отпад треба да има кон крајот на идниот месец или почетокот на јуни, кога ќе се изанализираат годишните извештаи, информира Ана Каранфилова Мазневска од Министерството за животна средина.
Одговорајќи на новинарско прашање, додаде дека законите за управување со отпад многу го либерализираа овој пазар и не може да се очекуваат од државата дополнителни субвенции во овој сегмент.  – Законите за пакување батерии и електронска опрема им ги препушти одговорностите на производителите, им дозволи сами да се организираат, сами да ги собираат парите и повторно да ги вратат поворно во тој систем, да ги инвестираат, објасни Каранфилова Мазневска.
Македонија го донесе Законот за самостојно и колективно постапување во 2012 година. Согласно европските стандарди, во 2016-та, електричниот и електронскиот отпад треба да биде 0,5 килограми по жител, додека до 2020 година да достигне четири килограми по жител. Моментно во земјава функционираат четири субјекти за колективно собирање и третман на електронскиот и електричниот отпад, но компании за рециклирање се уште нема.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза